Политика на приватност

Политика на приватност на Здружение Асоцијација за цистична фиброза

Нашата веб страна: https://acf.mk.

Особено ни е драго што покажавте интерес за нашата веб страницата.

Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност.

Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да не контактирате и да ни поставите прашања, да бидете наш член или поддржувач или сакате да донирате преку нашата веб страница или да платите членарина, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Вашите лични податоци ги обработуваме во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Со оваа политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

Асоцијација за цистична фиброза, како контролор на лични податоци, применува технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница. Сепак, доставувањето на личните податоци преку Интернет во принцип може да има безбедносни пропусти и не може да се гарантира апсолутна заштита.

Дефиниции

Политиката за приватност на Асоцијација за цистична фиброза се заснова на термините што ги користи Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП). Таа треба да биде разбирлива за посетители на нашата веб страница. За да бидеме сигурни дека навистина е така, прво ќе ги објасниме поимите што ги користиме.

Лични податоци

Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Субјект на личните податоци

Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

Обработка на личните податоци

Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

Ограничување на обработката на податоците

Ограничување на обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.

Профилирање

Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.

Обработувач

Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Корисник

Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.

Трето лице

Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.

Согласност

Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.

Како ги применуваме начелата за заштита на личните податоци?

Законит, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци

Вашите лични податоци ги собираме и обработуваме исклучиво врз основа на Ваша согласност.

Ограничување на целта на обработката на личните податоци

Вашите лични податоци на веб страницата се собираат и обработуваат за да ви одговориме на прашањата, ако сакате да бидете наш член или поддржувач, во случај кога донирате средства или плаќате месечна чланарина.

Вашите лични податоци не се предмет на натамошна обработка за цели различни од првично дефинираните.

Ограничување на обемот на личните податоци

Обработката на личните податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполнат целите на обработката. Доколку се појави потреба за дополнителна обработка на Вашите лични податоци, ќе Ве информираме и ќе побараме Ваша согласност за таа дополнителна обработка.

Точност на личните податоци

Спроведуваме разумни мерки за потврдување на точноста, за исправка и/или бришење на неточните лични податоци кои ги обработуваме. Покрај овие мерки, Ви овозможуваме да го остварите Вашето право да побарате исправка, дополнување или бришење на личните податоци на лесен и едноставен начин.

Интегритет и доверливост на личните податоци

Асоцијација за цистична фиброза презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку оваа веб страница од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.

Која е правната основа и целта за обработка на Вашите лични податоци?

Нашата веб страница собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци како нејзини посетители.

Правна основа

Правна основа за обработка на Вашите лични податоци преку формите поставени на веб страницата, и тоа: „Контакт форма“, „Електронска пристапница“, „Електронска пристапница поддржувачи“ , „Донација“ и „Членарина“ е Вашата согласност.

Согласноста е правна основа и за објавување на фотографии на нашата веб страница.

Цели

Преку „Контакт форма“ ги обработуваме Вашите лични податоци за да одговориме на Вашите прашања.

Преку „Електронска пристапница“, „Електронска пристапница поддржувачи“ и „Членарина“ ги обработуваме Вашите лични податоци за да станете наши членови и поддржувачи.

Преку „Донација“ ги обработуваме Вашите лични податоци како донатори на средства со кои ги исполнуваме нашите цели.

Кои категории на лични податоци ги обработуваме?

Контакт форма

Нашата веб страница Ви овозможува брз контакт и директна комуникација со нас преку „Контакт форма“ или преку е-маил адреса, при што Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат, за да одговориме на Вашите прашања. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.

Доколку сакате да не контактирате, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:

  • Име и Презиме
  • е-маил адреса
  • IP адреса (се зачувува автоматски)

Донација

Нашата веб страница Ви овозможува да донирате средства. Вашата донација можете да ја донирате преку „Донација“, при што Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.

Доколку сакате да донирате средства потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:

Задолжителни податоци:

  • Име
  • Презиме
  • Број за контакт
  • е-маил адреса
  • податок за сумата
  • IP адреса (се зачувува автоматски)

Незадолжителни податоци

  • компанија

Членарина

Нашата веб страница Ви овозможува да платите членарина. Вашата членарина можете да ја платите преку „Членарина“, при што Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.

Доколку сакате да платите членарина потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:

Задолжителни податоци:

  • Име
  • Презиме
  • Број за контакт
  • е-маил адреса
  • Податок за сумата
  • IP адреса (се зачувува автоматски)

Незадолжителни податоци

  • компанија

Електронска пристапница

Нашата веб страница Ви овозможува да станете наши членови. Вашето зачленување можете да го направите преку „Електронска пристапница“, при што Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.

Доколку сакате да бидете наш член потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:

Задолжителни податоци:

  • Име и Презиме
  • Да изберете: пациент, родител, сопружник
  • Име и презиме на пациентот
  • Година на раѓање на пациентот
  • Адреса на живеење
  • Поштенски број
  • Град
  • Број за контакт
  • е-маил адреса
  • Своерачен потпис
  • IP адреса (се зачувува автоматски)

Електронска пристапница поддржувач

Нашата веб страница Ви овозможува да станете наши поддржувачи. Вашето зачленување можете да го направите преку „Електронска пристапница поддржувач“, при што Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.

Доколку сакате да бидете наш поддржувач потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:

Задолжителни податоци:

  • Име и Презиме
  • Адреса на живеење
  • Поштенски број
  • Град
  • Број за контакт
  • е-маил адреса
  • Своерачен потпис
  • IP адреса (се зачувува автоматски)

Собирање на општи податоци и информации

Нашата веб страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашата веб страница, (4) датумот и времето на пристап до веб страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.

При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.

Заштита на личните податоци при користење на Facebook

На нашата веб страница е интегрирана компонента на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.

Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.

Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.

Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.

Заштита на личните податоци при користење на Instagram

На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите друштвени мрежи.

Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле.

Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.

Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк https://help.instagram.com/155833707900388 и https://www.instagram.com/about/legal/privacy/.

Заштита на личните податоци при користење на Google Analytics

На нашата веб страница, интегрирана е компонентата Google Analytics. Google Analytics е услуга за веб анализа – собирање и анализа на податоците за однесувањето на корисниците на веб страниците. Меѓу другото, се собираат информации за веб страницата од која потекнува корисникот (т.н. Referrer), како и колку често и колку долго трае посетата на веб страницата. Веб анализата главно се користи за оптимизирање на веб страницата.

Компанијата што ја обезбедува компонентата Google Analytics е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.

Google Analytics поставува колаче на информацискиот систем на корисникот. Дефиницијата за колачиња е објаснета погоре. Со поставување колаче, Google може да ја анализира употребата на нашата веб страница. Колачето се користи за собирање и чување на лични податоци, како што се времето на пристап, местото од каде се пристапува и зачестеноста на посетите на нашата веб страница од страна на корисникот. Со секоја посета на нашата веб страница, ваквите лични податоци, вклучително и IP-адресата што ја користи корисникот за пристап до Интернет, ќе бидат пренесени на Google во САД и зачувани од Google во САД. Google може да ги пренесе овие лични податоци на трети лица.

Со соодветно прилагодување на веб пребарувачот можете да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница, но и трајно да забраните поставување на колачиња. Ваквото прилагодување на веб пребарувачот исто така би спречило Google Analytics да поставува колачиња на Вашиот информациски систем. Покрај тоа, колачињата што веќе ги користи Google Analytics може да се избришат во секое време преку веб пребарувач или други софтверски програми.

Воедно, можете да преземете и инсталирате додаток на веб пребарувачот на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. Овој додаток на веб пребарувачот му кажува на Google Analytics преку JavaScript да не се пренесуваат какви било податоци и информации за Вашите посети на веб страници. Инсталирањето додатоци на пребарувачот се смета за приговор кон Google. Ако Вашиот информациски систем подоцна е избришан, форматиран или повторно инсталиран, мора повторно да ги инсталирате додатоците на веб пребарувачот за да го оневозможи Google Analytics. Ако додатокот на веб пребарувачот е деинсталиран или оневозможен, можно е повторно да се инсталира или активира.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на податоците од Google може да се преземат на:

https://policies.google.com/privacy?hl=en и

https://marketingplatform.google.com/about/analytics/terms/us/.

Google Analytics е дополнително објаснет на следниот линк:

https://marketingplatform.google.com/about/analytics/.

Заштита на личните податоци при користење на epay модулот на НЛБ Банка АД Скопје како обработувач за финансиски средства

На нашата веб страница интегрирана е компонентата https://gateway.bankart.si/ на НЛБ Банка АД Скопје. Ixopay на НЛБ Банка АД Скопје е услуга за плаќање која овозможува безготовинско плаќање на Интернет. Ixopay на НЛБ Банка АД Скопје е техничка постапка со која ние, веднаш добиваме потврда за наплата на донацијата или чланарината.

Податоци кои се разменуваат со Ixopay на НЛБ Банка АД Скопје за цели на реализација на процесот на плаќање и спречување злоупотреби се: почетен датум, краен датум, број на донација (трансакцијата), идентификациски број, име и презиме на донаторот, назив на банката, тип и статус.

Важечки одредби за заштита на личните податоци на НЛБ Банка АД Скопје можат да се најдат на следниот линкови:

https://nlb.mk/PrivacyPolicy.aspx

Дали вршиме пренос на лични податоци?

Серверите на веб страницата Асоцијација за цистична фиброза се во Франција со што се врши пренос на личните податоци во ЕУ.

Дали донесуваме одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци?

Асоцијација за цистична фиброза не донесува поединечни одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци вклучувајќи и профилирање.

Дали и на кого ги откриеме Вашите лични податоци согласно закон

Вашите лични податоци ќе ги откриеме на надлежни државни органи за цели на водење на постапки согласно закон. За секое откривање на Вашите лични податоци, ќе водиме писмена евиденција и ќе Ве известиме на соодветен начин.

Доколку во иднина се појави потреба за откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во оваа Политика, ќе побараме Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на Политиката за приватност пред таа обработка воопшто да започне.

Известување за измени и дополнувања на оваа политика

На нашата почетна страница ќе бидете известени за секоја нова верзија на оваа политика за приватност, во случај на нејзина измена или дополнување.

Донирај

ден