За Нас
Здружението АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА е невладино и непрофитабилно здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување, вршење на дејности и активности за поддршка на Лицата болни од Цистична Фиброза во Република Северна Македонија, без разлика на верата, расата, националноста и политичката определеност.
Здружението соработува со други организации, институции и поединци во земјата и странство во согласност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија. Преку својата работа остварува јавен интерес.
Основни цели
Основни цели на здружението се:
- Ширење на членството
- Подобрување на условите на квалитетот на живеење на лицата болни од Цистична Фиброза
- Аплицирање на проекти
- Да им помага во обезбедувањето на лекови и средства за физикална терапија
- Склучувње на договори за соработка со научно образовни и јавни установи
- Соработка со медиуми
- Лобирање и застапување на членови
- Вклучување на Здужението во меѓународни програми за помош и поддршка на Лицата болни со Цистична Фиброза
- Организирање на постети на домашни и меѓународни семинари и работилнци поврзани со Цистична Фиброза
- Да соработува со надлежните здравствени организации и други државни институции, како и слични невладини здруженија организации и асоцијации
- Да работи други работи во согласност со овај статут и позитивните законски прописи на Република Северна Македонија
Своите цели и задачи здружението ги остварува преку:
- остварување на конкретни активности
- спроведување на заеднички проекти на членовите
- организирање на заеднички проекти, трибини, научни советувања и форуми, концерти, изложби, спортски манифестации и друго
- соработка со организции, институции и здруженија од хуманитарен, научен, културен, образовен и друг карактер
- вршење на други работи во согласност со Статут, Законите и Уставот на Република Северна Македонија
Правни информации
Име на здружението
Здружение АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА ЦФ СКОПЈЕ
Скратен назив на здружението
АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА
Единствен даночен број
4002017551229
Матичен број
7226373
Седиште
ул. Козле 108б/1, 1000 Скопје
Претседатели
Ивана Атанасоска
Фики Гаспар
Членови на Извршен Одбор
Ивана Атанасоска
Антонио Стамболиев
Фики Гаспар
Членови на Надзорен Одбор
Марјан Маневски
Бојан Крстовски