Една година е навидум кус период во живот. И во човечкиот живот и во животот на институциите.
Една година е само временско изразување, временски период во кој завршува некој циклус.
За нас, за Асоцијацијата за цистична фиброза тоа е еден важен период. Една година сериозно, верно и посветено патронство од НЛБ Банка. За АЦФ тоа не е завршување на некој процес, циклус или биланс, тоа е почетокот од едно ново поглавје, една нова надеж, сила и енергија за нашите пациенти, за нивните семјства, за заедницата.
НЛБ Банка своето успешно работење што го потврдуваат релевантните банкарски авторитети, го унапредува и со заштитата на децата и млади со цистична фиброза. Тоа е нова, додадена вредност, вредност која ги надминува професионалната и деловна етика, вредност која има поширок општествен контекст. Тоа е градење на една нов деловна култура на квалитет и одговорност кон другите. Заради сето ова, НЛБ Банка како наша банка, од Асоцијацијата за цистична фиброза ја заслужува целосната почит и благодарност. Веруваме дека нашиот успешен пример на поврзување и поддршка со исто толку внимание и почит се восприема и од јавноста, од граѓаните, зашто се однесува на граѓани, на оние, на кои такво покровителство им е повеќе од потребно, насушно.
Некогаш не е доволно само да се набројат факти, реални, вистинити попдатоци и настани кои НЛБ Банката ги направи за децата и млади со ЦФ. Над бројките, над билансите секогаш се луѓето и ништо не е поскапо од човечкиот живот. Тоа го покажавте! Покажавте, како предводници и меѓу првите, дека животот на децата и млади со цистична фиброза не е административна категорија, не е ставка!
Ви БЛАГОДАРИМЕ за тоа, ви благодариме дека сте сјаен пример, дека имате висока институционална свест за другите и очекуваме нашата успешна приказна да биде мотивирачка во следните години пред нас, мотивирачка и за други установи: да го прават утре она – што вие го правите денес!
Може да ве интересира
Средба – Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза
Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ) Александар Стамболиски и...
НОВА ЕРА ВО ТЕРАПИЈАТА НА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА – дел 2
Денес Два пациента со цистична фиброза го добија најдобриот подарок за Нова година. Започнаa терапија со Kaftrio во комбинација со Ivakaftor на ЈЗУ Универзитетска...
Меџити: Трикафта пристигна на детската клиника, ветувањето го исполнивме
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска одржа прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија по повод пристигнувањето на лекот...
ВАШ ТЕРМИН со Виолета П. Периќ – гости Фики Гаспар и Андреј Исаески
Преземено: Vas Termin- Violeta P. Perikj
ГЛАСОТ НА НАРОДОТ – ИВАНА АТАНАСОСКА
ГЛАСОТ НА НАРОДОТ СО СЛОБОДАН ТОМИЌ ГОСТИН: ИВАНА АТАНАСОСКА, пациент и претседател на Асоцијација за цистичка фиброза ТЕМА: СИТЕ ИМАМЕ...