Една од поголемите хуманитарни акции кои ги организира и реализира Mozzart е кампањата „Повеќе од гол” каде компанијата овојпат донираше по 5000 денари за секој погодок на македонската ракометна репрезентација на СП 2025.
Годинава нашите ракометари постигнаа вкупно 181 погодок, со што собрани беа 905.000 денари.

Амбасадор на кампањата е капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски кој одлучи средствата да бидат донирани во Детската клиника во Скопје, односно во Одделот за цистична фиброза.
„Среќен сум што имав можност да бидам дел од оваа кампања чија главна цел е хуманост. Без размислување одлучив средствата да бидат донирани на детската клиника, во Одделот за цистична фиброза. Се надевам дека оваа донација ќе им биде од големо значење”, изјави Филип Кузмановски.

Најголемото задоволство и благодарност дојде од директорот и вработените во Одделот за цистична фиброза.
„Благодарност до македонските ракометари, компанијата Mozzart и капитенот Филип Кузмановски за средствата кои ќе ги донираат на Одделот за цистична фиброза, со што ќе добиеме соба за физикална терапија. Се надеваме дека и во иднина со вакви донации ќе продолжат да ги топлат нашите срца” , изјави Доц. д-р Валентина Цвејоска Чолаковска, Раководител на Одделот за цистична фиброза.

Традиционалната кампањата „Повеќе од гол” ќе овозможи Одделот за цистична фиброза на Детската клиника во Скопје да добие целосно нова и опремена просторија за физикална терапија.
„Со задоволство помагаме на докторите и пациентите. Нивната искрена среќа и благодарност нема цена. Токму затоа продолжуваме да чекориме по истиот пат и во иднина. Хуманоста била и ќе остане заштитен знак на Mozzart” , изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Кампањата „Повеќе од гол” се реализира трета година по ред. Благодарение на оваа хуманитарна акција, Mozzart до сега помогна за лекување на малолетно дете, реконструиран беше дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево, а годинава Одделот за цистична фиброза ќе ја добие долгопосакуваната просторија за физикална терапија. Реализацијата на хуманитарни акции продолжува и натаму.


Преземено: tocka.com.mk
Може да ве интересира
Средба – Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза
Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ) Александар Стамболиски и...
НОВА ЕРА ВО ТЕРАПИЈАТА НА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА – дел 2
Денес Два пациента со цистична фиброза го добија најдобриот подарок за Нова година. Започнаa терапија со Kaftrio во комбинација со Ivakaftor на ЈЗУ Универзитетска...
Меџити: Трикафта пристигна на детската клиника, ветувањето го исполнивме
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска одржа прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија по повод пристигнувањето на лекот...
ВАШ ТЕРМИН со Виолета П. Периќ – гости Фики Гаспар и Андреј Исаески
Преземено: Vas Termin- Violeta P. Perikj
ГЛАСОТ НА НАРОДОТ – ИВАНА АТАНАСОСКА
ГЛАСОТ НА НАРОДОТ СО СЛОБОДАН ТОМИЌ ГОСТИН: ИВАНА АТАНАСОСКА, пациент и претседател на Асоцијација за цистичка фиброза ТЕМА: СИТЕ ИМАМЕ...