Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ) Александар Стамболиски и Елмир Сејфулаи, како и со членката од Асоцијацијата Ивана Атанасоска. Демири, потенцираше дека Министерството и Асоцијацијата имаат успешна соработка којашто резултира со поквалитетен живот на пациентите.
„Асоцијацијата за цистична фиброза е нашиот партнер и заеднички продолжуваме да делуваме за подобра здравствена состојба на пациентите со цистична фиброза. Горд сум што белодробната функција по примањето на терапијата кај пациентите е подобрена. Досега 32 пациенти имаат примено Трикафта и етапно сите ќе се вклучат на терапија. Верувам дека заеднички можеме многу да постигнеме, во Министерството за здравство имате искрен партнер“, рече Демири.
Може да ве интересира
НОВА ЕРА ВО ТЕРАПИЈАТА НА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА – дел 2
Денес Два пациента со цистична фиброза го добија најдобриот подарок за Нова година. Започнаa терапија со Kaftrio во комбинација со Ivakaftor на ЈЗУ Универзитетска...
Меџити: Трикафта пристигна на детската клиника, ветувањето го исполнивме
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска одржа прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија по повод пристигнувањето на лекот...
ВАШ ТЕРМИН со Виолета П. Периќ – гости Фики Гаспар и Андреј Исаески
Преземено: Vas Termin- Violeta P. Perikj
ГЛАСОТ НА НАРОДОТ – ИВАНА АТАНАСОСКА
ГЛАСОТ НА НАРОДОТ СО СЛОБОДАН ТОМИЌ ГОСТИН: ИВАНА АТАНАСОСКА, пациент и претседател на Асоцијација за цистичка фиброза ТЕМА: СИТЕ ИМАМЕ...
ВДИШИ ЗА ЦФ
Ги сумираме впечатоците од вчерашниот настан „ВДИШИ ЗА ЦФ“ и како супер си поминавме. Најважно нашите пораки #имамеправоналек и #лекзасите...