Ги сумираме впечатоците од вчерашниот настан „ВДИШИ ЗА ЦФ“ и како супер си поминавме. Најважно нашите пораки #имамеправоналек и #лекзасите одекнаа на врв на Водно (Крстовар) благодарение на сите кои ни беа поддршка во настанот и што е уште поважно станаа наши пријатели.
Голем наклон за PSK H2O Healthy Hike Outdoor кои беа наши домаќини во Планинарски Дом Даре Џамбаз и водичи на турата, Македонско Здружение на Спасители во Скијалишта кои водеа грижа за здравјето на сите присутни од настанување на можни повреди (кои за среќа ги немавме ), благодарност до Alkaloid AD Skopje кои за сите присутни на настанот обезбедија полн пакет производи, Алкалоид КОНС што овозможија поддршка овој настан да биде на едно повисоко ниво во квалитет (а не само во надморска висина ), Intermezzo Music Bar за обезбедените маички со логото на АЦФ и пијалоците, Dot Media за изработката на флаерите, банерите (но и брзите поправки кога во 5 до 12 се преместува настанот ), ЈСП Скопје за бесплатниот превоз со автобуските линии до Средно Водно и Жичница, Град Скопје за овозможен бесплатен паркинг за сите посетители тој ден на Средно Водно, Mako Market за да ни биде благ денот со слатките, NLB Banka Skopje кои се наш патрон и верни поддржувачи, како и Планинарски Клуб ТЕТЕКС – Тетово што дојдоа да пешачат и да вдишат за нас и со нас! И на крај како „вишна на шлагот“ бедновите кои ја разубавија атмосферата и ја испратија пораката „ДА ДИШЕМЕ СЛОБОДНО“
Aleksandar Terca Mishkovski и Иги, The Hounds и The Dreamers. За жал, поради оправдани причини Beni & Non Stop (Official) не можеа да дојдат но поддршката која ни ја упатија беше искрена, и тоа е најважно!
Благодарност и на сите присутни.
Се надеваме до година ќе го повториме со уште подобра организација и со прослава за добрите резултати кои ќе ги даде лекот на сите кои во наредните месеци ќе започнат со терапија .
И нормално да ја искористиме оваа прилика уште еднаш да кажеме големо благодарам и на медиумите, за се до сега!
Може да ве интересира
Средба – Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза
Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ) Александар Стамболиски и...
НОВА ЕРА ВО ТЕРАПИЈАТА НА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА – дел 2
Денес Два пациента со цистична фиброза го добија најдобриот подарок за Нова година. Започнаa терапија со Kaftrio во комбинација со Ivakaftor на ЈЗУ Универзитетска...
Меџити: Трикафта пристигна на детската клиника, ветувањето го исполнивме
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска одржа прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија по повод пристигнувањето на лекот...
ВАШ ТЕРМИН со Виолета П. Периќ – гости Фики Гаспар и Андреј Исаески
Преземено: Vas Termin- Violeta P. Perikj
ГЛАСОТ НА НАРОДОТ – ИВАНА АТАНАСОСКА
ГЛАСОТ НА НАРОДОТ СО СЛОБОДАН ТОМИЌ ГОСТИН: ИВАНА АТАНАСОСКА, пациент и претседател на Асоцијација за цистичка фиброза ТЕМА: СИТЕ ИМАМЕ...