Докторката Стојка Фуштиќ, специјалист за цистична фиброза, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 објасни за каква болест се работи.

Имено, таа вели дека тоа е болест која има прогресивен тек, но со новите терапии прогнозата може значително да биде подобрена.

„Веќе 30 години се занимавам со оваа болест, кога почнав смртноста беше многу висока. Најголем дел умираа во доенечка и рана детска возраст и тоа беше мој поттик да направам нешто зашто смртта од респираторна болест е многу тешка, и општо текот на болеста“, вели докторката.

Преземено: mk.tv21.tv

Донирај

ден