Дојдете и поддржете не, да ни се даде здивот кој ни недостига!
Доколку сте од друг град и сакате да ни се приклучите побарајте ги лицата за контакт:
- Куманово – Марјан 078 456 036
- Тетово – Елмир 071 319 194
- Велес – Лидија 075 350 195
- Штип – Елена 078 354 693
- Берово – Игор 077 490 953
- Битола – Дарко 076 528 733
- Прилеп – Сашко 077 535 500
- Кочани – Мартина 075 838 602
- Охрид, Струга, Ресен, Кичево и Дебар – Боби 070 331 782
ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ кои сакаат да не поддржат во нашата борба ДА ДОЈДАТ на 4-ти ФЕВРУАРИ, САБОТА, 12ч пред ВЛАДА, со една и единствена цел, а тоа е да ги оствариме нашите права!
1. Право на модулаторна терапија за сите пациенти со ЦФ. Државата ВЕДНАШ да обезбеди средства за воведување на модулаторна терапија по принципот на сите европски и балкански држави, со соодветен план и стратегија за опфаќање на целата популација која е заболена од оваа ретка болест.
2. На Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести да се создадат услови за лекување на пациентите според протоколите за лекување на оваа состојба со формирање на стручни тимови и соодветни и стандардизирани услови за хоспитализација.
3. Фондот за здравствено осигурување да обезбеди медицински помагала кои се неопходни за секој пациент во секојдневната терапија а тоа се:
*Инхалатори со висок степен на дифузност, по препорака на доктор специјалист
*Пеп/Флатер за физикална терапија
Здравјето и животот на група млади луѓе се нешто на кое не смее да се става цена и не смее да се игнорира! Ние имаме право на лек, а тие обврска да ни го обезбедат!
Може да ве интересира
Средба – Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза
Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ) Александар Стамболиски и...
НОВА ЕРА ВО ТЕРАПИЈАТА НА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА – дел 2
Денес Два пациента со цистична фиброза го добија најдобриот подарок за Нова година. Започнаa терапија со Kaftrio во комбинација со Ivakaftor на ЈЗУ Универзитетска...
Меџити: Трикафта пристигна на детската клиника, ветувањето го исполнивме
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска одржа прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија по повод пристигнувањето на лекот...
ВАШ ТЕРМИН со Виолета П. Периќ – гости Фики Гаспар и Андреј Исаески
Преземено: Vas Termin- Violeta P. Perikj
ГЛАСОТ НА НАРОДОТ – ИВАНА АТАНАСОСКА
ГЛАСОТ НА НАРОДОТ СО СЛОБОДАН ТОМИЌ ГОСТИН: ИВАНА АТАНАСОСКА, пациент и претседател на Асоцијација за цистичка фиброза ТЕМА: СИТЕ ИМАМЕ...