Секој ден за него е земен здив и нова надеж дека ќе живее, 31 годишниот Игор Пехчевски од Берово официјално е единствениот пациент со цистична фиброза во Малешевскиот регион. Се надева дека ќе биде меѓу првите пациенти, кои ќе го добијат лекот „Трикафта“. Неговиот соборец Благојче Илиевски не го дочека, а како што вели Игор пред камерата на Телма се храбреле еден со друг.
Неговиот капацитет на белите дробови е под 70% и мора да внимава да не се зарази овој период од грип. На секои три месеци поминува по 15 дена во изолирана соба, примајќи венска терапија. Не е лесно на никој во семејство со дете, или со возрасен кој има дијагноза цистична фирброза, порачува Игор на државниот врв и одговорните за здравјето на граѓаните, само во еден ден мора да испие 30 апчиња.
Ова момче на кого болеста му пречи секојдневно да вози велосипед, но и со неговиот фотоапарат да ги покажува убавините на Малешевскиот регион, смета дека последното ветување од институциите е играње на пинг-понг со болните од цистична фиброза.
Во моментов живее во Берово и не е вработен. До 26 година лековите ги добивал бесплатно, но сега мора да си ги плаќа. Игор вели дека пациентите со цистична фиброза спаѓаат во лица со попреченост, а од државата добива само 3.500 денари. Завршил економски, но во малото Берово со неговата струка не може да најде работа, тропнал на сите врати на општината. Во изминатите шест години добил само празни ветувања. Сѐ уште се надева дека ќе се вработи во некоја институција, а последно нешто и на коешто веќе размислува е да замине во странство.
Автор: Викторија Димитрова Јованова
Преземено: telma.com.mk
Може да ве интересира
Средба – Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза
Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ) Александар Стамболиски и...
НОВА ЕРА ВО ТЕРАПИЈАТА НА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА – дел 2
Денес Два пациента со цистична фиброза го добија најдобриот подарок за Нова година. Започнаa терапија со Kaftrio во комбинација со Ivakaftor на ЈЗУ Универзитетска...
Меџити: Трикафта пристигна на детската клиника, ветувањето го исполнивме
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска одржа прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија по повод пристигнувањето на лекот...
ВАШ ТЕРМИН со Виолета П. Периќ – гости Фики Гаспар и Андреј Исаески
Преземено: Vas Termin- Violeta P. Perikj
ГЛАСОТ НА НАРОДОТ – ИВАНА АТАНАСОСКА
ГЛАСОТ НА НАРОДОТ СО СЛОБОДАН ТОМИЌ ГОСТИН: ИВАНА АТАНАСОСКА, пациент и претседател на Асоцијација за цистичка фиброза ТЕМА: СИТЕ ИМАМЕ...