Млад пациент со цистична фиброза, хоспитализиран на Клиниката за пулмологија, ги моли надлежните да ја набават потребната терапија…
Молкот од институциите причина за 31-годишниот Игор Пехчевски од Берово борбата за терапија за болните од цистична фиброза да ја води на социјалните мрежи. Со фотографија од болнички кревет и транспарент „Имаме право на лек“ в раце, ги моли надлежните што побрзо да го набават лекот трикафта.
За Игор, но и за останатите околу 130 пациенти со цистична фиброза лекот „трикафта“ буквално живот значи бидејќи не ги ублажува само симптомите, туку го лекува самиот причинител на болеста и го продолжува животниот век на пациентите.
Редовни прегледи, медикаменти, инхалации – секојдневието на Игор не е нималку налик неговите врсници. Поради неговата состојба принуден е неколку пати годишно по десетина дена да се хоспитализира на Клиниката за пулмологија, каде што е и во моментов.
Од Министерството за здравство нема одговор на прашањата од Канал 5 дали и кога се планира набавката на оваа терапија. Инаку во светски рамки лекот трикафта успешно се користи веќе три години, а достапен е и во некои од земјите од соседството како Србија, Бугарија и Грција. Асоцијацијата за цистична фиброза настојува за брза набавка на лекот.
Автор: Тамара Стојкова
Преземено: kanal5.com.mk
Може да ве интересира
Кампања на Mozzart „Повеќе од гол” – Филип Кузмановски ја намени донацијата за Детската клиника во Скопје
Една од поголемите хуманитарни акции кои ги организира и реализира Mozzart е кампањата „Повеќе од гол” каде компанијата овојпат донираше...
Средба – Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза
Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ) Александар Стамболиски и...
НОВА ЕРА ВО ТЕРАПИЈАТА НА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА – дел 2
Денес Два пациента со цистична фиброза го добија најдобриот подарок за Нова година. Започнаa терапија со Kaftrio во комбинација со Ivakaftor на ЈЗУ Универзитетска...
Меџити: Трикафта пристигна на детската клиника, ветувањето го исполнивме
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска одржа прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија по повод пристигнувањето на лекот...
ВАШ ТЕРМИН со Виолета П. Периќ – гости Фики Гаспар и Андреј Исаески
Преземено: Vas Termin- Violeta P. Perikj