„Не сакам културно да се натпреварувам-за лек имам право“, „Здравје-основно човеково прав“, „Оправдајте ги работните позиции“ беа дел од пораките на пациентите со цистична фиброза и нивните најблиски упатени на денешниот протест.
Осумнаесет годишниот Марио тренира џудо, тој победувал на натпревари и вели дека никогаш нема да се откаже од спортот, затоа што на тој начин се обидува да ја спречи прогресијата на непредвидливата болест. На денешниот протест, напоменаа дека болеста не бира години, пол, вера и дека на пациентите под итно им е потребна современата модулаторна терапија.
Најблиските на пациентите со цистична фиброза нагласија дека сакаат да ги спасат своите најблиски и да имаат долг и квалитетен живот со нив.
Ивана Атанасоска и Фики Гаспар потенцираа дека сите имаат право на лек и денеска протестираат заради недовербата во здравствениот систем-усните ветувања од надлежните кои траат од јуни 2020 година до ден денеска затоа барале писмена гаранција токму од нив затоа што како што посочија, секој ден се борат за здив.
По вчерашниот координативен состанок, министерот за здравство и министерот за финансии рекоа дека лекот „трикафта“ првично ќе се набави само за осум пациенти, а се стремат да го остварат ветувањето, до крајот на годината лекот да го добијат 30 пациенти. Во моментов во Македонија има од 130-140 пациенти со цистична фиброза.
Автор: Енџи Николоска
Преземено: 24.mk
Може да ве интересира
Кампања на Mozzart „Повеќе од гол” – Филип Кузмановски ја намени донацијата за Детската клиника во Скопје
Една од поголемите хуманитарни акции кои ги организира и реализира Mozzart е кампањата „Повеќе од гол” каде компанијата овојпат донираше...
Средба – Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза
Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ) Александар Стамболиски и...
НОВА ЕРА ВО ТЕРАПИЈАТА НА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА – дел 2
Денес Два пациента со цистична фиброза го добија најдобриот подарок за Нова година. Започнаa терапија со Kaftrio во комбинација со Ivakaftor на ЈЗУ Универзитетска...
Меџити: Трикафта пристигна на детската клиника, ветувањето го исполнивме
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска одржа прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија по повод пристигнувањето на лекот...
ВАШ ТЕРМИН со Виолета П. Периќ – гости Фики Гаспар и Андреј Исаески
Преземено: Vas Termin- Violeta P. Perikj