На Првата регионална конференција за Цистична Фиброза која се одржа во Белград на 9-ти Ноември, во организација на „Udruženje za pomoć i podršku osobama sa cističnom fibrozom Srbije„. Нашата асоцијација имаше свој претставник, претседателката на асоцијацијата – Ивана Атанасоска, која воедно беше и еден од предавачите, претставници од регионот, за изнесување на состојбите на пациентите со цистична фиброза во Македонија.

Конференцијата претставуваше извор на информации за револуционерниот напредок во медицината со модулаторната терапија, презентирање на различни пристапи при лекување како и размена на искуства на Здруженијата од регионот.

На Конференцијата меѓу другото се одржа и работилница посветена на обука на воспитувачи од предучилишни установи каде престојуваат нашите најмлади борци.

Воедно и едно потетување дека Србија беше првата земја во регоионот која ја воведе модулаторната терапија и со тоа им овозможи на пациентите кои ја користат нов и поквалитетен живот.

Донирај

ден