„Велев Господе чувај ме мене и бебето до крај, да земам чедо в раце” – Јасмина Пелтековска

Кога жената ќе стане мајка, станува лавица, кралица, царица. Се менува нејзиниот свет и пред неа е најважно само едно-детето. Таква една мајка-кралица е Јасмина Пелтековска (29) од Гевгелија, која е првата жена во Македонија, која станала мајка, а боледува од цистична фиброза.

Јасмина се породи и на свет донесе здраво женско бебе. Јасмина ги живее најубавите денови од нејзиниот живот. Толку е среќна, што на болеста воопшто не и дозволува да и ги преокупира мислите.

ММС ја контактираше среќната мајка, која им рече дека воопшто не било лесно да ја издржи бременоста но заради чедото кое сега го држи во раце вредело.

Се породив на 21 октомври, помина се во најдобар ред, се породив со царски. Бебето се вика Валерија, ова е мое прво дете. Верував во докторот и се помина како треба. Со оглед на мојата состојба, состојбата со болеста, на дијагнозата, бременоста не ми беше лесна, но сега веќе се заборавив. Постојано бев под антибиотици и без нив јас немаше да ја износам Валерија. Останав бремена со инвитро, со сите процедури, таблетки... За среќа се погоди плодот од прво да се фати, да не се мачам. Искрено беа две бебиња ама едното не успеа, не преживеа. Сега му благодарам на Бога што ми ја даде Валерија. Инаку, ...

ММС: Вања Мицевска

Целиот текст прочитајте го тука

Донирај

ден